Hakan Çopur
25 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Претседателот на Франција Емануел Макрон, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, изјави дека Париз сака да соработува со САД за да со Иран биде постигнат нов нуклеарен договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Нагласи и дека и Турција и Русија би требале да учествуваат во преговорите чија цел би била нов нуклеарен договор.
Истакна дека сепак е потребно преку дипломатски пат да се решаваат сите проблеми во однос на прашањето на нуклеарниот договор со Техеран.
Трамп во обраќањето на новинарите рече дека постоечкиот договор со Иран е многу лош, додавајќи дека САД продолжуваат активности кои, како што рече, ќе ја одредат судбината на нуклеарниот договор.
Напомена дека со францускиот лидер одржал многу конструктивни разговори во врска со прашањето на нуклеарниот договор.
Освен тоа, американскиот претседател истакна и дека сака американските војници од Сирија да се вратат во својата земја, нагласувајќи дека никој не сака Иран да биде активен на празно подрачје откако ќе биде поразен ДЕАШ.
Додаде дека некои богати земји од регионот од сега треба да пружат финансиска поддршка потреба за постигнување на решение за сириската криза.
„Во текот на 18 години на Блискиот Исток потрошивме седум трилиони долари, а за возврат речиси ништо не добивме. Штитиме некои земји во регионот, вклучувајќи ги и оние кои се многу богати. Нека излезат сега и нека платат за она што се случува таму", рече Трамп.