Yusuf Özcan
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, соопшти дека Светската банка, Обединетите нации (ОН) и Европската Унија (ЕУ) донеле одлука за формирање фонд за обнова на Либан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По вторпат преку видеоконференција се одржа Меѓународната конференција за поддршка на Бејрут и на либанскиот народ во коорганизација на Франција и ОН.
Макрон во своето обраќање нагласи дека обезбедена е помошта која беше ветена на Конференцијата одржана на 9 август, и дека се собрани 280 милиони евра.
Францускиот претседател рече дека на либанскиот народ е доделено брашно од 12.500 тони, и дека 73.000 лица добиле финансиска помош.
Според него, на околу 30 болници е доделена помош од медицинска опрема, додека на 25.000 лица им е обезбедено место за засолнување.
Макрон истакна дека 20 отсто од либанскиот народ живее под границата на сиромаштијата и дека оваа помош треба да продолжи.
Тој нагласи дека помошта треба да се достави до невладините организации, а тоа да се изврши под покровителство на ОН.
Претседателот на Франција соопшти дека Светската банка, ОН и ЕУ донеле одлука за формирање фонд за реконструкција на Либан.
Макрон рече дека оваа помош не може да се достави без да се формира брзо Владата во Либан, и дека овој месец повторно ќе го посети Либан.