Yusuf Özcan
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон на островот Ла Реунион, една од прекуокеанските територии на Франција, Макрон одговараше на прашањата на новинарите за шамијата, за која во последните денови се дебатираше во француската јавност, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Мене шамијата на јавни места не ме интересира, но кога станува збор за јавните институции, училиштата и кога се држи предавање на децата, прашањето за шамиите ме интересира. Секуларизмот го бара тоа“, истакна Макрон, тврдејќи дека службениците и наставниците во училиштата треба да бидат непристрасни во однос на верските прашања.
Макрон, истакнувајќи дека во земјата треба да се реши исламското прашање, рече: „Во некои маала, некои ја користат шамијата како симбол со кој се истакнува дека врските со републиката се прекинати. Тоа се нарекува сектанство.“
Наведувајќи дека не треба да има дискриминација во однос на шамиите во Франција, Макрон рече:
„Денес има мажи и жени кои кажуваат дека не се посветени на вредностите на републиката поради нивната религија. Ова можеме да го видиме на многу начини. Има некои што велат јас го земам моето дете дома после училиште, не сакам да оди на базен (каде што девојките и момчињата се заедно), не сакам да учи музика. Ова за мене е проблем и тоа е сектанство“.
Францускиот пратеник од екстремната десница, Жулиен Одул, пред околу две недели на состанокот во Бесанкон од една жена муслиманка побара да ја отстрани шамијата пред неговиот син и ја нападна вербално. По настанот во земјата започна дебата и се зголемија изјавите чија цел беа муслиманите.
Според извештаите на француските медиуми, една недела по настанот, 286 лица биле поканети на 85 дебатни програми во врска со шамиите на најважните телевизиски канали во земјата. Се напоменува дека во тие дебатни програми немаше место за жените со шамии.
Заменикот на главниот и одговорен уредник на „Ле Фигаро“, еден од најпознатите весници, Ив Треар, во изјавата за телевизијата LCI, рече: „Го мразам исламот. Ако во автобусот што се возам има жена со шамија, ќе се симнам.“
Во отвореното писмо објавено минатата недела во весникот „Ле Монд“, 90 академици, уметници, режисери, актери и новинари, меѓу кои и познатиот француски актер Омар Си и новинарот Ален Греш, од францускиот претседател Емануел Макрон побараа да го осуди Одул.
Францускиот претседател Макрон во изјавата пред околу 15 дена нагласи: „Само администрацијата и сите служби на државата не можат сами да го решат постојано обновениот и зголемениот исламски проблем. Целиот народ треба да се обедини и да преземе акција.“
Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, тврдејќи дека општеството не ја сака шамијата во однос на мајките со шамии кои при училишните патувања одат заедно со децата, истакна: „Законот не ја забранува шамијата, но можеме да ги охрабриме локалните власти да ја забранат шамијата.“