Oktaj Omeragikj
28 Јуни 2025•Ажурирај: 29 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Снимка од воздух на масовната погребна церемонија за 60 лица, вклучувајќи го Началникот на Генералштабот на Иран, генералниот командант на Револуционерната гарда, високи ирански воени функционери, нуклеарни научници и неколку цивили, убиени во израелските напади врз Техеран, известува Анадолу.
Ожалостените се собраа на церемонијата носејќи ирански знамиња, црни транспаренти што симболизираат жалост и рецитираа молитви.
- Конфликт што започна со интензивни напади на Израел врз Иран
Дванаесетдневниот конфликт меѓу Израел и Иран избувна на 13 јуни откако Тел Авив започна воздушни напади врз иранските воени, нуклеарни и цивилни објекти, во коишто загинаа најмалку 606 лица, а 5.332 се повредени, според Министерството за здравство на Иран.
Техеран започна одмазднички ракетни и напади со беспилотни летала врз Израел, во коишто загинати се најмалку 29 лица, а над 3.400 се повредени, според бројките објавени од Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
Конфликтот беше запрен со прекин на огнот со посредство на САД, што стапи на сила на 24 јуни.