Ömer Faruk Yıldız
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Американските медиуми тврдат дека Ким Џонг Нам, убиениот полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, работел за американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на неименувани извори, весникот „Вол стрит џурнал“ (Wall Street Journal) тврди дека Ким Џонг Нам, најстариот син на поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил, бил директно поврзан со ЦИА и работел како нејзин доушник.
Ким Џонг Нам е убиен пред две години со труење на аеродромот во малезискиот град Куала Лумпур, а „Вол стрит џурнал“ пишува дека Ким Џонг Нам патувал во Малезија за да се сретне со агент на ЦИА.
За тврдењата на весникот челниците на ЦИА досега се немаат огласено.