Oktaj Omeragikj
23 Октомври 2025•Ажурирај: 24 Октомври 2025
ЛОНДОН (AA) - Лондонската управа за транспорт објави дека метро-станицата Тотенхем Корт Роуд во центарот на Лондон е затворена поради пожар, известува Анадолу.
Предупредувањето за пожар предизвика евакуација на станицата Тотенхем Корт Роуд, што доведе до кратка паника меѓу патниците пред безбедно да бидат оддалечени од пероните.
Управата за транспорт на Лондон го потврди инцидентот во соопштение објавено на X, велејќи:
„Тотенхем Корт Роуд: Оваа станица е затворена додека реагираме на предупредувањето за пожар. Билетите се прифаќаат во Лондонските автобуси.“