Selman Aksünger
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
ХАГ - Меѓународниот суд на правдата, кој е судски орган на Обединетите нации (ОН), ги отфрли приговорите на Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за судската надлежност на Меѓународна организација за цивилно воздухопловство во случајот со блокадата на воздушните патишта на Катар во 2017 и 2018 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако Меѓународна организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека спроведената блокада на воздушните патишта на Катар била незаконска, Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се пожалија пред Меѓународниот суд на правдата, кој денес ја објави одлуката за судската надлежност на пресудата донесена од страна на ICAO.
Во писменото соопштение на Меѓународниот суд на правдата се вели дека Меѓународна организација за цивилно воздухопловство открила дека спроведена блокада на воздушните патишта на Катар ја прекршува Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (Конвенцијата од Чикаго) и во тој контекст, Советот на Меѓународна организација за цивилно воздухопловство има судска надлежност по тоа прашање, пресудувајќи дека случајот е „прифатлив“.
Меѓународен суд на правдата во Хаг ги отфрли приговорите на Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за судска надлежност на ICAO, истакнувајќи дека Советот на Меѓународна организација за цивилно воздухопловство досудил по фер судење.
- Реакции на Катар по воведената блокада
Администрациите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар на 5 јуни 2017 година и спроведоа економска блокада која предизвика криза во регионот на Заливот.
Поради нарушувањето на воздушниот простор на 21 декември 2017 година, 3 јануари, 14 и 25 февруари и 4 март 2018 година, Катар поднесе жалба до Меѓународна организација за цивилно воздухопловство (ICAO) против Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет, со образложение дека го нарушиле воздушниот простор. Администрацијата на Доха двапати се пожали на Бахреин со образложение дека на двапати го нарушила воздушниот простор на Катар.
Како одговор на ова ОАЕ тврдеше дека Катар досега вознемирило нејзини 5 патнички авиони.