Davit Kachkachishvili
13 Март 2022•Ажурирај: 13 Март 2022
КИЕВ (АА) - Меѓународниот центар за одржување на мирот и безбедноста во украинскиот град Лавов бил нападнат со 8 проектили од страна на руската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави Општината Лавов се наведува: „Окупаторите го нападнаа Меѓународниот центар за одржување на мирот и безбедноста. Според првичните информации, станува збор за 8 проектили.“
Во соопштението се наведува дека дополнително ќе бидат објавени информации за евентуални загинати или повредени во нападот.