Alaattin Doğru
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
АНКАРА (АА) - Француската министерка за одбрана, Флоранс Парли, за време на посетата на контингентот на НАТО во Романија и кампот во кој се наоѓаат француските војници истакна дека војната е пред вратата на Европа и побара да не ѝ биде дозволен влез преку европските граници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Парли придружувана од романскиот претседател Клаус Јоханис, премиерот Николае Чука и романскиот министер за одбрана Василе Динку ја посети базата „Михаил Когалничану“ во Романија, која се наоѓа во близина на пристаништето Констанца, каде се сместени војници од 7 земји.
Потсетувајќи дека во базата има 500 француски војници како дел од елементите на силите за одговор на НАТО, во своето обраќање француската министерка истакна: „Во овие неизвесни времиња, ја делиме истата решеност да ја осигураме безбедноста на нашиот континент. Со нашите колективни одбранбени напори, на Русија и го покажуваме нашето непоколебливо единство“.
Истакнувајќи дека Франција како дел од тие напори дава придонес со испраќање војници во Романија, воен персонал во Естонија и авиони на Романија, Полска и балтичките земји, Парли рече дека како сојузници на НАТО и Европејци, тие се горди што припаѓаат на антички континент која мириса на култура и историја.
Нагласувајќи дека континентот бил сведок на насилства во минатиот век, Парли подвлече: „Војната е пред вратата на Европа, да не ѝ дозволиме да влезе.“
По нападот на Русија на Украина изведен на 24 февруари, Франција и Белгија итно испратија 800 војници во базата на НАТО во Констанца.