Ekipa
02 Јануари 2023•Ажурирај: 05 Јануари 2023
ТЕЛ АВИВ (АА) – Министерството за одбрана на Израел побара зголемување од 2,85 милијарди долари на годишниот буџет за да ги зајакне напорите во справувањето со Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелската јавна телевизија КАН јавува дека целта на новото зголемување на буџетот е да се интензивираат подготовките за справување со иранската нуклеарна програма.
Новата пресметка на Министерството вклучува зголемување од 17 отсто во однос на сегашниот буџет за одбрана од 17,8 милијарди долари.
Израел го обвинува Иран дека сака да направи нуклеарна бомба, што Техеран го негира, тврдејќи дека неговата програма е дизајнирана за мирољубиви цели.
Во последниве години, Иран често го обвинуваше својот главен непријател Израел дека врши шпионажи и саботажи во клучните нуклеарни, воени и индустриски капацитети преку локални агенти.