Haydar Karaalp
19 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
БАГДАД (АА) - Ирачкиот министер за надворешни работи, Фуад Хусејин, се состана со својот ирански колега, Мухамед Џавад Зариф во Багдад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хусејин и Зариф, кои се состанаа во ирачкото Министерство за надворешни работи, подоцна одржаа заедничка прес-конференција.
Нагласувајќи го значењето на силен Ирак за регионот, Хусејин рече: „Ние сакаме да развиеме балансирани односи со сите земји врз основа на нашите национални интереси и сакаме да се почитува нашиот суверенитет.“
Наведе дека сака Ирак да биде подалеку од тензиите во светот и во регионот, и дека премиерот Мустафа ал Казими ќе престојува во официјална посета на Иран.
Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, истакна дека Иран ги поддржува силните и конструктивни односи на Ирак со земјите од регионот и додаде: „Силниот и стабилен Ирак е важен за безбедноста и мирот во регионот.“
Наведувајќи дека двете држави се борат против терористичката организација ДЕАШ, Зариф истакна дека треба да продолжат со будноста во овој поглед.
Иранскиот министер истакна дека убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани и заменик-командантот на силите „Хашди Шаби“, Абу Мехди ал Мухендис, во американскиот напад е загуба во борбата против ДЕАШ.
„Ирак и Иран се оштетени поради тоа. Ние за ова важно прашање ќе разговараме со ирачките власти“, нагласи Зариф.
Укажувајќи на енергетските и трговските односи помеѓу Иран и Ирак, Зариф истакна дека овие односи нема да бидат разнишани и дека ќе бидат потпишани нови договори.
Иранскиот министер за надвоешни работи, кој во раните утринските часови пристигна во Багдад, го посети и споменикот на Сулејмани и Мухендис, во близина на аеродромот во Багдад, каде што беа убиени.