Ekip
31 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку петмина цивили, меѓу кои четири деца од исто семејство, беа убиени во нападот извршен во северната авганистанска провинција Taкхар, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерот на авганистанската провинција Taкхар, Сунатулах Тимор, денес соопшти дека талибанците вчера извршиле напад врз безбедносен контролен пункт.
Во нападот, една граната погоди куќа во којашто имало цивили.
Тимор потврди дека талибанците во истата област убиле еден полицаец, како и неговата сопруга и мајка.
Талибанците во последно време сѐ повеќе се инфилтрираат во северните авганистански провинции.