?????
04 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
Првата дама на САД, Мишел Обама, престојува со својата прва самостојна посета на Блискиот Исток во рамките на која присуствуваше на Светскиот самит за иновации во образованието во Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во обраќањето на учесниците на Самитот во Доха повика на формирање на фондови и спроведување општествени реформи со цел поттикнување на образование на женските деца. Истакнувајќи дека девојчињата се гордост, а не проблем во општеството, првата дама на САД Обама кажа дека итно мора да се ревидираат бројните културолошки феномени и обичаи кои женските деца ги ставаат во подредена положба во заедницата. „Во светот денес во училиште не одат 62 милиони девојчиња.
Голем број девојчиња не продолжуваат средно образование поради безбедносните проблеми во своите заедници“, рече Обама.
На Самитот учествуваа делегации од 120 земји од светот, а посебно признание ѝ е врачено на Авганистанката Сакини Јакуби за повеќегодишниот труд и залагање за подобрување на здравствената заштита и образованието во Авганистан.
Мишел Обама во рамките на првата блискоисточна посета без придружба на својот сопруг ја посети американската воена база Ал Удаид во Катар, а потоа отпатува во посета на Јордан.