Talha Yavuz
17 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
КИЕВ
Откако Русија го приведе нивниот дипломат, од Министерството за надворешни работи на Украина порачаа дека ќе одговорат на рускиот потег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сојузната безбедносна служба на Руската Федерација (ФСБ) соопшти дека Александер Сосонјук, украинскиот конзул во Санкт Петербург, приведен е вчера во текот на состанокот со руски државјанин на кој добил „доверливи информации од базата на податоци од безбедносните сили и ФСБ“.
Гласноговорникот на украинското МНР, Олег Николенко, порача дека приведувањето на нивниот конзул е „руска провокација“ и дека Украина на тоа ќе има свој одговор, јави официјалната украинска агенција „Укринформ“.
„Се испитуваат условите за притвор. Украина наскоро ќе одлучи како ќе одговори на оваа провокација“, рече Николенко.
Приведувањето на конзулот се случи во тек на порастот на тензиите помеѓу Русија и Украина поради зголемувањето на руското воено присуство на источната граница на Украина, на подрачјето што го контролираат проруските бунтовници.