Diyar Güldoğan
06 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску утре ќе престојува во посета на Туркије, соопшти турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Попеску за време на неговата посета во Истанбул ќе разговара со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу за билатералните односи, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања, се вели во соопштението на Министерството.
Туркије ја призна независноста на Молдавија во 1991 година, а дипломатските односи меѓу двете земји беа воспоставени во 1992 година.