Ahmet Dursun
11 Октомври 2019•Ажурирај: 13 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Иран соопшти дека експлозиите на иранскиот танкер со нафта, недалеку од саудискиот град Џеда, се резултат на извршен напад, пренесува Anadolu Agency (AA).
- Експлозија на ирански танкер недалеку од саудискиот град Џеда -
Според Иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абас Мусеви, истакна дека иранскиот танкер за нафта со име „Сабити“ е погоден два пати во источниот дел на Црвеното Море.
Истакнувајќи дека се завршени првите истраги за случајот, Мусеви рече: „Резултатите од истрагите на Иранската национална компанија за танкери покажуваат дека танкерот бил два пати цел на напад.“
Мусеви наведе дека танкерот е оштетен, рече дека нема повредени од екипажот.
„Истрагата за деталите за овој опасен напад и за тоа кој стои зад него продолжуваат“, истакна Мусеви.
Во однос на излевањето на нафтата, како резултат на експлозијата, Мусеви нагласи дека целата одговорност за сериозното загадување на животната средина во регионот припаѓа на елементите што стојат зад овој опасен чин.
Експлозијата се случила откако две ракети го погодиле танкерот „Сабити“ во 05:00 и 05:20 часот по локално време. По експлозијата, поради оштетување на танкерот, дошло до излевање на нафтата во Црвеното Море.