Aida Cako
17 Април 2025•Ажурирај: 18 Април 2025
СКОПЈЕ (АА) - Планираниот граѓански протест што требаше да се одржи вчера во населбата Канапе-Верт во Порт-о-Пренс беше откажан поради зголемените тензии, при што илјадници граѓани се подготвуваа да излезат на улиците за да го изразат незадоволството од влошената безбедносна состојба во земјата, јавува Анадолу.
Ескалацијата на насилството, растечкото влијание на вооружените банди и зголемената политичка нестабилност, особено во главниот град, принудија илјадници семејства да ги напуштат домовите во потрага по побезбедни услови за живот.
Според најновите податоци на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), бројот на внатрешно раселени лица во Хаити надмина еден милион, што претставува тројно зголемување во споредба со 2023 година.
Сѐ поголемата несигурност во главниот град ги принудува семејствата постојано да бегаат, често изложени на исклучително тешки услови за живот без пристап до безбедна вода за пиење, здравствена заштита и пристојно засолниште.