Ekipa
22 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
ДОХА (АА) - Најголемиот и најмоќен комерцијален авион Airbus A350-1000 е доставен во Доха, до компанијата „Qatar Airways“ (Катар Ервејс), јавува Anadolu Agency (AA).
„Qatar Airways“ ќе биде првата авио-компанија која ќе ја користи најновата верзија на гигантот на „Airbus“, а челникот на катарската компанија Екбер ал-Бакир на свеченоста на аеродромот во Доха изјави дека тоа е историски чекор во авио-транспортот.
Бакир најави дека „Qatar Airways“ очекува испорака на уште еден авион A350-1000 и дека најмалку во трите наредни месеци ќе биде единствена компанија која во својот инвентар го има најголемиот светски патнички авион.
„Во наредните пет години планираме да купиме уште 41 нов авион, а во случај на потреба тој број би можел да се зголеми и на 50“, изјави Бакир.
Најголемиот авион на светот ќе биде користен на линијата на „Qatar Airways“ од Доха кон Лондон.