Esra Tekin
06 Април 2026•Ажурирај: 06 Април 2026
Најмалку 17 лица загинаа рано утринава во заеднички напади на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз Иран, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Според новинската агенција „Мехр“, три згради се урнале во источниот дел на главниот град Техеран, при што оштетени се околу 50 домови.
Во нападот врз Техеран загинале четири лица, седум се повредени, а спасувачките екипи сѐ уште трагаат по преживеани под урнатините.
Претходно најмалку 13 лица загинаа во напади врз округот Бахарестан, во провинцијата Техеран, објави агенцијата „Фарс“.
Гувернерот на Бахарестан соопшти дека жртвите настрадале откако американски и израелски сили бомбардирале две станбени единици во градот Кале Мир.
Тој додаде дека отстранувањето на урнатините и спасувачките операции продолжуваат.
Засега нема официјално соопштение за вкупната штета предизвикана од нападите, за кои биле активирани и системите за противвоздушна одбрана.
Медиумите, исто така, јавуваат дека во нападите врз Техеран, извршени околу два часа претходно, бил погоден и Технолошкиот универзитет „Шариф“.