AP
18 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
Најмалку 17 исчезнати при превртување на брод со бегалци во Шпанија, едно лице загина
- Бегалците од Блискиот Исток и северните земји на Африка се обидуваат да дојдат на европско тло преку Средоземното Море кое стана најтранзитна рута за бегалците. Голем број од нив не го преживува патувањето на претрупани и неадекватни пловила
АНКАРА (АА) – Крајбрежната стража на Шпанија ја потврди смртта на едно лице при превртување на брод со бегалци кој се движел од северот на Африка кон Kанарските острови, јавува Anadolu Agency (AA).
Засега за исчезнати се сметаат 17 лица, а потрагата по нив е во тек.
Според податоците на шпанската крајбрежна стража, најновата бродска несреќа се случила по синоќешната во која се спасени 22 лица откако се преврти брод во близина на Западна Сахара, поранешна шпанска колонија.
Очевидци потврдија дека на бродот имало 40 лица.
Инаку, бегалците од Блискиот Исток и северните африкански земји се обидуваат да стигнат на европско тло преку Средоземното Море кое стана најтранзитна бегалска рута. Голем број од нив не го преживува патувањето пловејќи во претрупани и неадекватни пловила.