Ekip
17 Мај 2023•Ажурирај: 17 Мај 2023
ЛАГОС (АА) - Најмалку четири лица беа убиени како резултат на отворениот оган од вооружени напаѓачи врз конвој со персонал на американскиот Конзулат, соопшти полицијата, пренесува Анадолу.
Портпаролот на полицијата, Точукви Икенга, рече дека вооружените напаѓачи од заседа го нападнале конвојот во зоната Огбару во југоисточната нигериска држава Анамбра.
Икенга информира дека напаѓачите убиле двајца полицајци и двајца припадници на персоналот на американскиот Конзулат.
Според Икенга, напаѓачите киднапирале и двајца полициски службеници и возачот на второто возило, и побегнале.
„Ниту еден американски државјанин не беше во конвојот“, рече Икенга, потврдувајќи ја изјавата објавена претходно од Белата куќа.
Икенга додаде дека полициски оперативен тим за одговор веќе е во потрага по вооружените лица за да ги спаси киднапираните.
Локалните жители изјавија дека персоналот бил во хуманитарна мисија во областа.