Burç Eruygur
01 Декември 2022•Ажурирај: 02 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Украина, вклучително и во главниот град Киев, се огласија сирени за тревога низ целата земја, поради опасност од руски напади, соопштија локалните власти денеска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти преку Телеграм ги повикаа жителите да заминат во засолништата.
Пратеникот Олексеј Гончаренко и Воената администрација ги предупредија жителите на непосредна опасност од руски напади врз градот Киев, додека Регионалната администрација издаде предупредување за околниот регион.
Не се издадени никакви предупредувања во регионот на Крим, кој Русија нелегитимно го анектира во 2014 година.
Во Украина речиси секојдневно се огласуваат сирени за предупредување од можни ракетни напади и напади со беспилотни летала кои се вршат врз цивилната и енергетската инфраструктура.