Recep Şakar
23 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
МЕЛБУРН (АА) - По терористичките напади врз џамиите во новозеландскиот град Крајстчрч, во кои на 15 март за време на петочната молитва (џума-намаз) беа убиени најмалку 50 лица, властите во оваа земја го олеснија издавањето дозволи за постојан престој на директните жртви на ранување или на членовите на семејствата на жртвите, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за бегалци на Нов Зеланд соопшти дека е формирана посебна категорија за визи со која на директните жртви на нападите или на нивните најблиски членови на семејствата би им се обезбедила дозвола за постојан престој.
На интернет-страницата на споменатата канцеларија објавени се детални информации за новата категорија визи, а за овој вид визи ќе може да се аплицира веќе од утре.
Во два одделни терористички напади во текот на петочната молитва во џамиите „Нур“ и „Линвуд“ во градот Крајстчрч, Нов Зеланд, на 15 март оваа година, беа убиени најмалку 50 лица.