Muhammed Sabry
06 Декември 2023•Ажурирај: 07 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Бројката на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади на 7 октомври се зголеми на 16.248, известува Анадолу.
„Меѓу жртвите 7.112 се деца, а 4.885 се жени“, соопшти синоќа Канцеларијата за медиуми при Владата во Појасот Газа.
Во соопштението се наведува дека под урнатините и понатаму како исчезнати се водат околу 7.600 лица во Појасот Газа.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.