Diyar Güldoğan
19 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Уште шест брода ги напуштија украинските пристаништа според Договорот за извоз на жито во Истанбул, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека испораките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, што беше прекинат од почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Страните во моментов преговараат за можно продолжување и проширување надвор од крајниот рок од 19 ноември за да го вклучат и рускиот извоз на жито и ѓубрива.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и Обединетите нации (ОН), со цел надгледување на испораките.
Од испловувањето на првиот брод во рамките на договорот на 1 август, досега преку коридорот за жито над 350 брода имаат пренесено преку 7,7 милиони тони земјоделски производи.