Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
29 Февруари 2024•Ажурирај: 01 Март 2024
ТОРОНТО (АА) – Обединетите нации (ОН) повторно предупредија на итната потреба од повеќе рути за доставување на хуманитарна помош во блокираниот Појас Газа, кој е цел на жестоки израелски напади од 7 октомври минатата година, јавува Анадолу.
Стефан Дужарик, портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека ОН претпочитаат да доставуваат хуманитарна помош по копнен пат, но се подготвени да разгледаат други начини, вклучително и фрлање пакети од авионите во лет.
„Доставата преку воздух е исклучително предизвикувачка, но тоа е една од опциите... Во идеален случај, сакаме да ги испорачаме работите преку копнен пат, сакаме повеќе отворени патишта, сакаме отворени повеќе влезни точки“, рече Дужарик.
Тој укажа и на неопходноста од подобрена координација меѓу државите членки за хуманитарните операции.
Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Франција и Катар спроведоа неколку операции на пуштање хуманитарни пакети од авион во различни делови на Појасот Газа.