Servet Günerigök
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Резервите за храна на светската програма за храна во Авганистан, без дополнителни средства би можеле да истечат до крајот на септември, предупреди вчера висок функционер на Обединетите нации, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нема да можеме да ги обезбедиме тие основни прехранбени производи затоа што нема да имаме залихи, а за да ја задржиме сегашната побарувачка, потребни ни се најмалку 200 милиони долари само за прехранбениот сектор, за да можеме да обезбедиме храна за најранливите“, изјави за новинарите од главниот град Кабул, координаторот на ОН за хуманитарни прашања во Авганистан, Рамиз Алакбаров.
Алакбаров, исто така, истакна дека најмалку една третина од населението во Авганистан не знае уште колку долго ќе треба да се справи со несигурноста во однос на храната.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска рече дека Авганистан се соочува со претстојна „хуманитарна катастрофа“, бидејќи талибанците ја преземаат контролата врз земјата уништена од војната.
„Хуманитарна катастрофа е на повидок“, истакна тој во соопштението.
„Во услови на голема суша и суровите зимски услови на повидок, дополнителната храна, засолништата и здравствените резерви мора итно да се следат во земјата.“
Талибанците го зазедоа Авганистан откако ја презедоа контролата врз Кабул на 15 август, принудувајќи го претседателот Ашраф Гани и други високи функционери да ја напуштат земјата.
САД во понеделникот објавија завршување на напорите за повлекување на сите свои сили од Авганистан, со што ќе се стави крај на најдолгата војна во американската историја.