Gamze Türkoğlu Oğuz
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Централниот фонд за интервенција во итни случаи при Обединетите нации (Central Emergency Response Fund - CERF) одобри на Венецуела да ѝ се даде помош од 9,2 милиони долари, вклучувајќи и храна и лекови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Фондот, одобрена е помошта од 9,2 милиони долари за Венецуела во која се влошени хуманитарните услови.
Се вели дека 2,6 милиони долари од вкупниот износ на помошта се наменети за исхрана на малите деца, бремените жени и доилките.
Помошта на Фондот е првата помош за итна состојба која ќе биде обезбедена за Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Претседателот на Венецуела, Мадуро, за економските проблеми во земјата ги обвинува санкциите на САД и економската војна под водство на политичката опозиција.
Оние кои ја критикуваат администрацијата на Каракас тврдат дека добивање помош од Централниот фонд за интервенција во итни случаи при Обединетите нации се смета за прифаќање дека земјата се соочува со хуманитарна криза.
Фондот за деца при ОН, кој од август досега ги зголеми своите постоечки програми во Венецуела, соопшти дека обезбедил 130 тони храна и лекови за 350.000 жени и деца.
Властите на Венецуела сѐ уште не дадоа изјава околу тоа.