Tufan Aktaş
09 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека има информации дека покрај еритрејските сили, во воената операција започната против бунтовниците во регионот Тиграј во Етиопија учествувале и сомалиски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот подготвен од специјалниот известувач на ОН, Мухамед Абделсалам Бабикер, се наведува дека се добиени информации дека сомалиските војници обучени во логорите во Еритреја заедно со еритрејските војници се однесени во регионот за да војуваат.
Се наведува дека војниците, за кои Владата на Могадишу негира дека учествувале во војната, исто така се видени околу градот Аксум.
Во извештајот за присуството на еритрејските војници во регионот, исто така, се вклучени и кршењата на човековите права.
Етиопија го негираше учеството на еритрејските сили во операцијата што ја започна против Народниот ослободителен фронт Тигра (TPLF), но подоцна го призна постоењето на овие сили и најави дека ќе се повлечат.
Стотици семејства во Сомалија протестираа против Владата во јануари 2021 година поради нивните деца, кои откако биле обучени во Еритреја во Етиопија, како „платеници“ се бореле против ТПЛФ.
- 91 процент од населението има потреба од помош -
Народниот фронт за ослободување на Тиграј (TPLF), кој е во политичка борба со етиопскиот премиер Абиј Ахмед, ги нападна силите на Националната армија во регионот во ноември 2020 година.
Иако Етиопија со голема операција го зазеде Мекеле, главниот град на провинцијата Тиграј, во некои региони судирите продолжуваат.
Светската програма за храна на ОН (WFP) на 1 јуни соопшти дека 5,2 милиони луѓе, што е еквивалентно на 91 процент од населението во регионот, имаат потреба од итна помош од храна.