Muhammed Boztepe
15 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот граничен регион Африн неутрализираа вкупно 3.524 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генерштабот на турската турската армија соопштуваат дека продолжува операцијата против терористичките организации ПКК / КЏК / ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Денес Вооружените сили на Турција и Слободната сириска војска во операцијата „Маслинова гранка“ ослободија уште девет села што припаѓаат на сирискиот пограничен регион Африн. Од почетокот на операцијата се ослободени 242 локации, од кои 202 села и 40 стратешки важни точки.
„До денес, во Операцијата Маслинова грана се неутрализирани вкупно 3.525 терористи“, се вели во соопштението.
Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободиле околу 70 отсто од територијата на Африн во географска смисла и дека наскоро се очекува и ослободување на центарот на истоимениот сириски град.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН односно на правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.