Палестинците предупредуваат за израелскиот план за „поделба“ на Ал-Акса
- И покрај израелското уверување за спротивното, некои Палестинци предупредуваат за плановите за „поделба“ на џамијата Ал-Акса, помеѓу муслиматите и евреите. ????? ??????????-???????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ЕрусалимЕРУСАЛИМ (AA) – Иако тензиите во комплексот на џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим се намалија, многумина Палестинци се плашат дека „поделбата“ на местото помеѓу муслиманите и евреите останува долгорочна цел на Израел, јавува Anadolu Agency.
Последната рунда насилства во израелски окупираниот Западен брег каде десетина Палестинци беа убиени, првично беше предизвикано од серија судири околу комлексот на џамијата Ал- Акса, кое се смета за свето место и за евреите и за муслиманите.
Тие судири беа предизвикани од големи групи израелски доселеници кои, обично придружувани од израелските безбедносни сили, често влегуваа во комплексот на џамијата.
Додека на еврејските доселеници им беше дозволувано да влегуваат во комплексот Ал-Акса во се поголем и поголем број, каде често изведуваа „Талмудски ритуали“ и покрај долгогодишната забрана за изведување неисламски ритуали, влезот на палестинските муслимански верници беше сè повеќе забрануван од страна на израелските власти.
Според шеихот Икрима Сабри, главен на Исламскиот Совет и поранешен муфтија на Ерусалим, двата потега – пуштањето на голем број евреи во Ал-Акса а забрана за муслиманите, е дел израелскиот план за „поделба“ на местото „привремено и просторно“ помеѓу верниците на двете вери.
Од изреаелското окупирање на Ерусалим во 1967 до 2000 година, Одделот за исламски донации, раководен од соседниот Јордан, е целосно одговорен за комплексот на џамијата Ал-Акса и за регулирање на посетите на местото од страна на немуслиманите.
Во септември 2000 година, посетата на Ал-Акса од страна на контроверзниот израелски лидер, Ариел Шарон, придружуван од голема делегација и стотици израелски полицајци, предизвика искри за она што подоцна стана познато како „Втора интифада“, долгогодишно палестиско востание против израелската окупација.
Како резултат на намерната посета на Шарон на местото, Одделот за Исламски донации ги забрани посетите на местото од страна на немуслимани.
- Преседан –
Оние кои предупредија за израелскиот план за поделба на Ал-Акса помеѓу мулсиманите и евреите посочија на случајот со џамијата Ибрахими во градот Хеброн на Западниот брег, каде таквиот план беше успешно спроведен.
Во раните 1990-ти, еврејските доселеници во голем број почнаа да ја посетуваат џамијата, кои ја почитуваа како „Гробот на Патријарсите“, што резултираше со повремени судири со палестинските муслимани.
Потоа, на 25-ти февруари, 1994 година, екстремниот еврејски доселеник, Баруч Голдстеин влезе во џамијата и отвори оган врз муслиманските верници кои изведуваа утринска молитва. Дваесет и девет палестинци беа убиени што предизвика големи демонстрации низ Палестинските територии.
Израелската влада го осуди чинот, но ја зграпчи можноста за поделба на џамијата помеѓу муслиманите и евреите, договор кој важи и денес.
- Статус „кво“ -
Кон крајот на минатиот месец, кога се разви израелско-палестинското насилство, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде ветување дека ќе го одржи „статусот кво“ во Ал-Акса со продолжување на долгата пракса за забрана за немуслиманска молитва на тоа место.
„Израел го потврдува своето ветување за одржување на „статусот кво“ на Храмот, како со збор така и во пракса,“ изјави тој.
Тој додаде:
„Израел ќе продолжи со спроведување на долгогодишната политика: Муслиманите одржуваат молитва во Храмот а немулсиманите само го посетуваат местото.“
И минатата недела, Нетанјаху јасно нагласи дека не постои план за поделба на комплексот кај џамијата Ал-Акса.
Сепак и покрај убедувањата, многу Палестинци се на мислење дека со тек на време ќе се случи поделба на комплексот кај џамијата, слично како што е случајот со Ибрахими џамијата во Хеброн.
„Палестинската страна го повика Израел да го одржи статусот кво“, изјави за Anadolu Agency, Ахмед Куреј, одговорен за Ерусалим во Палестинската Ослободителна Органијација.
„Ова не значи само временско и просторно воздржување од поделбата на Ал-Акса, туку и забрана за упад на местото за еврејските доселеници“, додаде тој.
Според Куреи, неодамнешните залагања на Нетанјаху за одржување на статусот кво „ не ги запре неколку десетиците еврејски доселеници да влегуваат во џамијата секој ден под заштита на израелската полиција и армија“.
Тој додаде:
„Веруваме дека Израел цели кон поделба на џамијата Ал-Акса...преку дозвола на еврејските доселеници да изведуваат тури (во џамијата), а некои од доселениците изведуваат и „Талмудски ритуали“ на местото“.
Палестинско официјално лице од Рамала рече, „нема да дозволиме Израел да ја подели Ал-Акса, која е дел од нашето наследство и така и ќе остане“.
-Страв од „Третиот храм“-
Според Наџих Кират, одговорен на Одделот за ракописи на Ал-Акса, Израел има три цели.
Првата, рече тој, е да го опколи местото со поставување безбедносни контролни пунктови и конфискување на околнииот имот, додека вториот е поделба на комплексот на џамијата „временски и просторно“ помеѓу муслиманите и евреите.
Последната цел, рече Киерат е познатиот палестински страв, а тоа е да е изградбата на еврејскиот „Трет храм“ на местото каде што моментално се наоѓа џамијата Ал-Акса.
Киерат, изјави со сигурност дека на крај Израел нема да успее да го направи истото со Ал-Акса како она со џамијата во Хеброн, истакнувајќи ја преголемата важност на Ал-Акса за муслиманите од целиот свет, и огромниот отпор кој би произлегол од тоа.