Ali H. M.Abo Rezeg
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
РАМАЛА (АА) - Еден Палестинец е ранет за време на денешните судири на палестинската младина со израелските сили во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните жители велат дека судирите избувнале откако израелските сили поставиле воен контролен пункт на влезот на градот Тирмасија во централниот дел на Западниот Брег.
Израелските сили за време на нередите користеле боева муниција, гумени куршуми и солзавец за да ги растераат Палестинците, кои возвратија со фрлање камења и палење гуми.
Локалните здравствени претставници соопштија дека Палестинецот бил повреден од гумен куршум и дека голем број лица доживеале привремено задушување од солзавците.
Локални извори јавуваат дека израелските сили притвориле двајца Палестинци за време на судирите.
Според репортерот на АА, израелските сили поставиле неколку контролни пунктови на патиштата што воделе до градот Ал Мугхајир, во кој се случи нападот на доселениците вчера, во кој загина еден Палестинец.
Израелската армија сѐ уште не издаде официјално соопштение во врска со судирите.