Nur Asena Ertürk
25 Декември 2024•Ажурирај: 26 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Папата Франциск во својата порака по повод католичкиот Божиќ повика на прекин на војната во Украина, пренесува Анадолу.
На Божиќ папата им се обрати на граѓаните од базиликата „Свети Петар“, упатувајќи честитки и пораки по повод празникот, објави денес „Ватикан њуз“.
Тој се помоли оружјето да замолчи во Украина разурната од војна и повика на сила и отвореност за преговори и дијалог за да се најде праведен и траен мир за ова прашање.
Папата се помоли и да заврши конфликтот на Блискиот Исток, особено во Газа, при што изрази надеж за прекин на огнот и помош за луѓето што страдаат од глад и војна.