Sadık Kedir Abdu
24 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
РИМ (АА) - Папата Франциско ги критикуваше неточните тврдења во кои се поврзува исламот со тероризмот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Новинската агенција ANSA, папата рекол дека ставот што го изедначува исламот со тероризмот е неоснован.
„Можеби излегува од устата на многу луѓе, но ваквото изедначување е лага и е налудничаво“, изјави тој во интервјуто.
„Најважната улога на религиите е промовирање на културата на заедништвото, придружена со промоција на вистинска едукација и одговорно однесување кое се грижи за созданието“, додаде Папата Франциско.