Yusuf Özcan
21 Јуни 2021•Ажурирај: 22 Јуни 2021
ПАРИЗ (АА) - Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката напред! (РЕМ), не постигна успех во првиот круг на регионалните избори одржани вчера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 66,1 отсто од гласачите не се појавија на гласачките места. Стапката на гласачката апстиненција во 2015 година изнесуваше 50,09 отсто во 2015 година и 53,67 отсто во 2010 година.
Според излезните анкети, кандидатите на РЕМ не водеа во првиот круг во ниту еден регион во земјата.
Вкупно 15 министри се натпреваруваа за РЕМ на изборите, но никој од нив не успеа да го собере потребниот број гласови за да го заврши првиот круг.
Излезните анкети покажуваат дека централно десничарската партија Републиканци освоила 28,7 отсто од националните гласови пред есктремно десничарската партија Национален собир освои 19,4 отсто, по која следуваат Социјалистичката партија, Партијата на зелените и партијата РЕМ со 10,4 отсто.
Изборите првично беа закажани за март, но беа одложени двапати, првин за три месеци, а потоа за уште една недела поради експоненцијалниот пораст на случаите на Ковид-19.
Одржувани на секои шест години, изборите се одржуваат во 18 региони, 13 во Франција и Корзика и пет во прекуморските територии Гвадалупе, Мартиник, Гвајана, Мајот и Реунион, на кои се избираат 1.800 советници.
Гласањето се одржува во две фази - првиот круг на 20 јуни, додека вториот на 26 јуни - за избор на советници кои за возврат ќе изберат претседател на Регионалниот совет, претседател на Советот на департмани и градоначалници.
Регионалните избори се одржуваат една година пред претседателските избори и се сметаат за претходник за тоа кој ќе ја преземе контролата во Елисејската палата во 2022 година. Анкетите предвидуваа соочување наредната година помеѓу актуелниот претседател Макрон и лидерката на опозициската екстремно десничарска партија Национален собир, Марин ле Пен.