Kasım İleri
22 Јуни 2021•Ажурирај: 22 Јуни 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), Џон Кирби, истакнa дека Турција се согласила да остане во Авганистан и да предничи во заштитата на Аеродромот „Хамид Карзаи“, рече дека разговарале за деталите за поддршката што ќе ѝ се даде на Турција за преземање на оваа мисија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На дневната прес-конференција, одговарајќи на прашањата на новинарите, Кирби наведе дека тие внимателно ја следат безбедносната состојба во Авганистан, но дека временскиот план за целосно повлекување на САД не е променет.
На прашањето од дописникот на АА „Дали е постигнат договор за заштита на Аеродромот „Хамид Карзаи“ во Кабул за време на телефонскиот разговор помеѓу турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и американскиот министер за одбрана, Лојд Остин“, Кирби рече дека таа средба била продолжение на разговорот меѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и американскиот претседател, Џо Бајден, на маргините на Самитот на НАТО минатата недела.
„Турција се согласи да го преземе водството во заштитата на аеродромот. Сепак, сè уште се разработуваат деталите. Има уште многу што треба да се заврши. Тие рекоа дека им е потребна поддршката од САД и меѓународната заедница. Ние работиме на тоа“, нагласи Кирби.
На новинарското прашање „Дали САД се подготвени да ѝ обезбедат финансиска или логистичка поддршка на Турција во врска со ова?“, Кирби додаде: „Како што реков, работиме на ова. Засега не знаеме каква ќе биде поддршката.“