Büşra Nur Bilgiç
08 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
БАСРА
Најмалку пет лица загинаа за време на антивладините протести во јужниот ирачки град Басра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неименувани извори јавуваат дека ирачката полиција интервенирала за да ги разбрка насобраните демонстранти во центарот на Басра и дека во таа прилика користела и огнено оружје.
Најмалку пет лица загинаа, а стотици демонстранти и полицајци се повредени за време на нередите.
Антивладините протести во Ирак се одржуваа првата недела од октомври, а новиот бран протести започна на 25 октомври. Во нередите на улиците во првиот бран октомвриски протести загинаа најмалку 230 лица. Во вториот бран, кој трае досега, животот го загубија најмалку 260, а ранети се 12.000 лица.
Високата стапка на невработеност, корупцијата и сè потешката безбедносна и економска ситуација се причини за протестите.
Според податоците на Светската банка, Ирак е 12. најкорумпирана земја на светот, а стапката на невработеност кај младите изнесува 25 отсто.