Ali Şeyho ,Zeynep Tüfekçi
06 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади нареди да се преземат низа мерки со кои земјата сака да ги заштити националните интереси во однос на контроверзната одлука што неодамна ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со привремената забрана за влез на странски државјани од одредени држави во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на Ирак соопшти дека во Багдад е одржан состанок на Врховниот национален совет на земјата, на кој се разговараше околу одлуката на Трамп за воведување визи и забрана за влез во САД за државјаните на Ирак, Иран, Сирија, Судан, Либија, Сомалија и на Јемен.
Во соопштението се наведува дека е разгледано влијанието на одлуката на Трамп врз билатералните односи меѓу двете земји, кои се темелат на Рамковниот стратешки договор за билатерални односи од 2008 година.
Од Владата не открија детали во врска со наредбата на премиерот Ибади, кој наложи да се спроведат низа мерки со цел заштита на ирачките национални интереси.
Од друга страна, американската амбасада во Багдад соопшти дека ирачките државјани чии визи претходно не се поништени може да отпатуваат за САД.