Mesut Zeyrek
18 Мај 2024•Ажурирај: 19 Мај 2024
КЕЛН (АА) - Во пожар што избувна во зграда во Германија, една од трите жртви е 18-годишен турски државјанин, соопшти во вчера германското Обвинителството, известува Анадолу.
Властите соопштија дека во несреќата загинала 18-годишната турска државјанка Ада Абај.
Германските служби утврдиле дека е истурен бензин за да се забрза пламенот што избувнал во киоскот во долниот кат од зграда во Диселдорф, повредувајќи 16 лица.
„Пронајдено е и телото на 48-годишен работник во киоск кој загина во инцидентот“, се додава во соопштението, без да се наведува националноста на жртвите.
Во соопштението се наведува дека жртвите биле на возраст од 18, 48 и 55 години.
Првите резултати покажаа дека Абај и 55-годишен маж починале од вдишување чад, а според резултатите од обдукцијата, вработениот во киоскот починал по експлозијата.
Повредените во пожарот се лекуваат во болници и во приватни клиники, а една тешко повредена жена сѐ уште е во животна опасност.
Пожарот започнал на долниот кат во доцните часови во четвртокот, а потоа ја зафатил и зградата.
Генералниот конзул на Туркије во Диселдорф Али Ихсан Избул го посети Исмаил Кизилтан, станар на зградата кој беше полесно повреден во пожарот.