Abdula Berisha
06 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
СКОПЈЕ
Пожар ја зафати кулата Абко во Шарџа, кој е еден од најголемите градови во Обединетите Арапски Емирати (OAE), предизвикувајќи штета и на автомобилите кои се наоѓаа низ улиците околу облакодерот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Десетици пожарникари се ангажираа за гаснење на пожарот употребувајќи и дронови, јавуваат локалните медиуми.
Според нив, сега се прават напори за гаснење на пожарот во 48-катниот облакодер.
Досега нема информации за жртви или за можната причина за пожарот.
Итните служби беа повикани на местото на настанот веднаш по 21:00 часот по локално време.
Локалните медиуми исто така информираат дека најмалку пет околни згради биле евакуирани додека пожарникарите работеле на местото на настанот.