Elena Teslova
05 Мај 2023•Ажурирај: 08 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Напад со дрон денес предизвика пожар во рафинерија во јужна Русија, соопшти руското Министерство за вонредни состојби, пренесува Анадолу.
Рафинеријата во Илски, во регионот Краснодарск, е нападната втор ден по ред, истакна Министерството.
Пожарникарите и органите на редот се на теренот и се обидуваат да го изгаснат пожарот, се додава во соопштението, и се нагласува дека првичните сознанија покажуваат дека нема жртви.
Персоналот во објектот во меѓувреме е евакуиран.