Fatih Erel
31 Јануари 2025•Ажурирај: 03 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Познати се играчите што ќе учествуваат во кошаркарскиот спектакл НБА Ол-стар. Меѓу кошаркарите што ќе играат на овој натпревар е и Алперен Шенѓун, играч од Хјустон Рокетс, кој се натпреварува во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Шенѓун е втор турски играч што е избран да учествува во НБА Ол-стар натпревар, известува Анадолу.
Дваесет и двегодишниот турски репрезентативец Шенѓун, кој игра во НБА-лигата од 2021 година, сезонава е меѓу истакнатите имиња на Рокетс со просек од 19,1 поени, 10,4 скока и 5,0 асистенции по натпревар.
Благодарение на придонесот на Шенѓун, тимот на Рокетс моментно се наоѓа на второ место во Западната конференција со просек од 68,1 % (32 победи и 15 порази).
Шенѓун е втор турски кошаркар во историјата на НБА што ќе игра на НБА Ол-стар натпревар по Мехмет Окур, кој беше избран во 2007 година.
На НБА Ол-стар натпреварот, кој ќе се одигра на 16 февруари, ќе играат 24 најдобри кошаркари во лигата, по 12 играчи што ќе настапат за Истокот и Западот, од кои првите петорки од двата тима се избрани со гласање, а по седум резервни играчи за тимот на Истокот и Западот избираат главните тренери на НБА.
Леброн Џејмс, кошаркарската ѕвезда што настапува за Лос Анџелес Лејкерс, го собори рекордот откако по 21. пат е избран за ол-стар и на натпреварот ќе биде во тимот на Западната конференција заедно со Алперен Шенѓун.
Репрезентативецот на Туркије на паркетот ќе биде дел од тимот на Западната конференција, играјќи со кошаркарските НБА-ѕвезди Леброн Џејмс, Стив Кари, Никола Јокиќ, Кевин Дурант и Џејмс Харден.
Во 2025 година НБА Ол-стар натпреварот ќе се игра во Чејс центар во Сан Франциско.
Во НБА Ол-стар натпреварот ќе настапат следниве 24 играчи:
Прва петорка на Источната конференција
Џејлен Брансон (Њујорк Никс)
Донован Мичел (Кливленд Кавалирс)
Карл-Ентони Таунс (Њујорк Никс)
Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс)
Јанис Адетокунбо (Милвоки Бакс)
Прва петорка на Западната конференција
Шеј Гилџус Александер (Оклахома Сити Тандер)
Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс)
Никола Јокиќ (Денвер Нагетс)
Кевин Дурент (Феникс Санс)
Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс)
Резерви на Источната конференција
Демијан Лилард (Милвоки Бакс)
Дариус Гарланд (Кливленд Кавалирс)
Џејлен Браун (Бостон Селтикс)
Кејд Канингем (Детроит Пистонс)
Тајлер Хиро (Мајами Хит)
Еван Мобли (Кливленд Кавалирс)
Паскал Сијакам (Индијана Пејсерс)
Резерви на Западната конференција
Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс)
Ентони Дејвис (Лос Анџелес Лејкерс)
Џејмс Харден (ЛА Клиперс)
Џерен Џексон (Мемфис Гризлис)
Алперен Шенѓун (Хјустон Рокетс)
Џејлен Вилијамс (Оклахома Сити Тандер)
Виктор Вембанјама (Сан Антонио Спарс)