Vesna Besic
23 Април 2023•Ажурирај: 25 Април 2023
ВАРШАВА (АА) - Долината Чочоловска е една од најпопуларните туристички рути на Татра, Полска, а особено многу посетители привлекува во пролет, известува Анадолу.
Бројни цветови на шафран во пролетните месеци ја прекриваат долината во градот Закопане и на тој начин формираат величествена глетка за посетителите.

За многу љубители на природата, погледот на формираниот шарен килим од шафранови цветови е долгоочекуваниот знак за пристигнувањето на пролетта. Како снегот се топи, ливадите оживуваат со експанзија на лилавата боја.
Ова подрачје е погодно за секого, за семејства со мали деца, авантуристи, фотографи, спортисти...

Престојот на чист воздух и погледот на лилавото „море“ можат да претставуваат и своевиден одмор за душата.
Пролетниот шафран е еден од првите весници на пролетта, цвета веќе во февруари низ снегот. Природно расте на подрачјето на цела Европа.