Hande Diker
18 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
ВАРШАВА (АА) - Полска вчера отвори нов канал изграден за бродовите да не мораат да бараат дозвола од Русија да минуваат од Балтичкото Море до пристаништето на Висланскиот Залив, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стотици луѓе се собраа на дождливото време со полски знамиња за да го гледаат минувањето на техничкиот брод „Зодијак II“ низ каналот, со интонирање на националната химна.
Полскиот претседател Анджеј Дуда во обраќањето рече дека инвестицијата ќе биде наградена со зголемувањето на вредноста на околното земјиште и со развојот на градовите и пристаништата долж заливот, благодарение на трговијата, бизнисот и туризмот.
Дуда истакна дека целта е „да се избегне барањето дозвола од непријателска земја чии власти не се двоумат во напаѓањето и во потчинување на другите“.
Изграден за околу 420 милиони долари, каналот ќе им овозможи на патниците да патуваат од Балтичкото Море и Гдањскиот Залив до Елблаг и помалите пристаништа на заливот без дозвола од Русија за поминување низ теснецот Пилава.
Недовршениот канал, исто така, ја скратува рутата Балтичко Море - Елблаг за околу 100 километри.