Tufan Aktaş,Gökhan Kavak
26 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ На Медиумскиот самит Турција - Африка беа оценети медиумските рефлексии и ефектите од кризите на меѓународната сцена, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Самитот што се одржува во Истанбул, кој е поддржан од Кабинетот на турскиот претседател, претставници на медиумите и академици од Нигерија и Етиопија говореа на панелот насловен „Меѓународен поредок (неред) во ерата на постојана криза“.
На настанот што се одржува по повод 25 мај - Денот на Африка, присуствуваат 80 новинари од 45 африкански земји, како и африкански дипломати и директори на јавни институции, претставници на медиумите, академици, претставници на приватниот сектор и невладини организации.
Буки Понле, генералниот директор на Нигериската новинска агенција (NAN), истакнувајќи дека има многу неправилности во светот, рече: „Ако не го одржувате центарот да биде константен, секое место ќе биде центар и тоа ќе го отвори патот за неправилностите. Луѓето се борат без причина и тоа влијае на сите нас.“
Нагласувајќи дека новинарството секогаш треба да се стреми за ред и мир на меѓународната сцена, Понле рече: „На пример, има криза со храна поради војната Украина-Русија и тоа влијае на целиот свет. Исто така, во мојата земја Нигерија постои Боко Харем и тоа влијае на целата земја.“
Осврнувајќи се на Договорот за соработка меѓу Агенција Анадолија (АА) и Нигериската новинска агенција, Понле додаде: „Претходно нашите земји се соочуваа со различни прашања; ако ни беа дадени вистинските информации навреме, ќе можевме да ги преземеме вистинските чекори. Во овој поглед, медиумите се важни.“
‒ „Новинарите се фатени среде меѓународниот поредок“
Нагласувајќи го позитивното новинарство и новинарството ориентирано кон решенија, Понле рече: „Треба да се грижиме за ова бидејќи ова е нашето решение. За светскиот поредок да биде мирен, треба да се повикаме на индивидуалната совест на луѓето. На пример, можеме да ја подигнеме свеста за прашања како што се климатските промени.“
„Новинарите се фатени среде и под влијание на меѓународниот поредок“, додаде Понле.
Фесеха Јетагсу Манбегрот, извршен директор на Етиопската државна телевизија ЕБЦ (EBC), рече дека не постојат независни медиуми и дека медиумите се управувани од групи од интерес.
Истакнувајќи дека светот по Студената војна влезе во нов поредок и дека има премногу актери во новиот поредок, Манбегрот нагласи дека „медиумите можат да играат важна улога“.
Меѓу другото, Манбегрот наведе дека новинарството треба да се користи за ширење на националната свест во неговата земја и другите континентални земји и за решавање на проблемите преку дијалог.