Vakkas Doğantekin
24 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
БАКУ (АА) - Судот во украинскиот главен град Киев го прогласи поранешниот претседател Виктор Јанукович виновен за предавство, јавува Anadolu Agency (AA).
Подрачниот суд на реонот Оболонски денес го прогласи Јанукович за виновен за предавство поради повикувањето на руските трупи на украинска територија и за соучесник во војната.
Украинските обвинители побараа 15-годишна затворска казна за Јанукович, а конечната пресуда се очекува наскоро.
Во главниот град Киев во ноември 2013 година почнаа потести кои траеа три месеци, а кулминираа со судири во кои животот го загубија повеќе од 100 невооружени лица и околу 20 полицајци кои го обезбедуваа собирот.
Антивладините протести во Украина кои доведоа до соборување на тогашниот претседател Виктор Јанукович.
Јанукович во текот на нередите побегна во Русија, а во мај 2017 година против него во Украина е покрената судска постапка во која се обвинува за предавство на земјата, односно пружање помош во нападите на Украина, со намера за промена на границите на оваа земја.