Ekip
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ЕРУСАЛИМ
Портпаролот на израелскиот Кнесет, Јули Еделштajн , најави ненадејна оставка денес, неколку часа пред крајниот рок што му го даде Врховниот суд за да избере негов наследник, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Поднесувам оставка од функцијата портпарол на Кнесетот,“ изјави Еделштајн, истакнатиот член на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Еделштајн рече дека одлуката на судот ја уништува работата на Кнесетот.
„Одлуката на Врховниот суд претставува груба и арогантна интервенција на судството во работите на избраниот Законодавен дом. Одлуката на Врховниот суд го нарушува суверенитетот на Кнесетот“, рече тој во забелешките цитирани од дневниот израелски весник „Тајмс“.
„Не можам да се согласам на овие ултиматуми. Не можам да се согласам, бидејќи ова значи дека агендата на Кнесетот ќе биде одредена од Врховниот суд, а не од портпаролот на Кнесетот“, изјави Еделштајн.
Еделштајн претходно го отфрли барањето на израелската опозиција да закаже седница за избор на нов портпарол на Кнесетот.
Израелската опозиција има 61 место од 120 места во Кнесетот, што ѝ овозможува да избере нов портпарол кој не е од партијата Ликуд, која со години доминира во Кнесетот.