Mustafa M. M. Haboush
27 Март 2025•Ажурирај: 27 Март 2025
ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф ал-Кануа, е убиен денес во израелскиот воздушен напад пред зори, насочен кон градот Џабалија во северниот дел на Појасот Газа.
„Ал-Кануа е убиен кога израелската окупаторска армија го погоди неговиот шатор во областа Џабалија ал Балад“, изјави ТВ Ал-Акса, поврзана со Хамас.
Палестинското движење за народен отпор соопшти дека Израел го убил Ал-Кануа во „варварско бомбардирање“.
„Крвта на мачениците е аманет што нема да го изневериме и таа ќе биде проклетство за окупаторот“, се вели во соопштението.
Од продолжувањето на геноцидот во Газа на 18 март, Израел уби 830 Палестинци и повреди 1.787, повеќето жени и деца, според Министерството за здравство во Појасот Газа.
Околу 124.000 Палестинци повторно се раселени откако Израел ги продолжи нападите врз Газа и издаде „наредби за евакуација“, соопштија Обединетите нации.
Убиени се речиси 50.200 Палестинци, главно жени и деца, а над 113.700 се повредени во бруталниот израелски воен напад врз Газа од октомври 2023 година досега.