Furkan Naci Top
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
АТИНА (АА) - Во соопштението што го издаде Командата на грчката крајбрежна стража, се наведува дека во Медитеранот потонал брод кој се движел кон островот Мегисти. Во спроведената акција беа спасени 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тешка здравствена состојба се наоѓало едно 9-годишно девојче, кое и покрај сите медицински интервенции, го загубило животот.
Командата на грчката крајбрежна стража соопшти дека претпоставуваат оти од морето се извлечени сите бегалци кои се наоѓале на бродот, но од превентивен аспект, продолжуваат со спасувачката операција.
Командата смета дека е можно бродот да потонал поради лошите временски услови.