Nour Mahd Ali Abu Aisha,Halime Afra Aksoy
11 Април 2021•Ажурирај: 12 Април 2021
ГАЗА (АА) - Во Појасот Газа, кој Израел со години го држи под блокада, започна делењето на паричната помош обезбедена од Катар за околу 100.000 семејства што имаат потреба од финансиска помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жителите на Газа на кои им е потребна помош денеска дојдоа во банката да ја подигнат паричната помош.
Комитетот за обнова на Газа при Министерството за внатрешни работи на Катар претходно извести дека секое семејство на кое му е потребна помош ќе добие 100 долари.
Ова е само дел од финансиската помош од 360 милиони долари што кон крајот на јануари ја најави емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани.
Планирано е паричната помош за жителите на Газа да биде доделувана во текот на цела 2021 година.
Израел од 2006 година, Појасот Газа, каде што живеат околу 2,1 милиони жители, го држи под копнена, поморска и воздушна блокада.